Младината на фракцијата на ДУИ бара казината и обложувалниците да бидат одалечени три километра надвор од населените места

Младината на фракцијата на Демократската унија за интеграција денеска на прес-конференција побара од Владата казината и обложувалниците да бидат одалечени три километри надвор од населените места, а не 500 метри како што стои во Предлог-законот за игрите на среќа, кој е во собраниска процедура.

Јетмир Асани, потпретседател на младината на фракцијата на ДУИ истакна дека ако Владата не одговори на ваквите барања тие ќе преземаат дополнителни чекори користејќи различни демократски методи како протести и маршови за, како што рече, да го запреме ова зло во општеството.

-Младите се иднината на една држава, но денес за жал, мораме да потсетиме дека во оваа држава оваа Влада не отсече од агендата, а со нас играат баш како игри на среќа кои од ден на ден се отвораат во форма на казина и обложувалници. Од овде сакаме да алармираме денес освен што секојдневно не терате да ја напуштиме државата и да го фатиме патот за странство, дополнително со игрите на среќа ни го ставате злото на врата. Наместо да ни отворате библиотеки, работни места или младински центри, вие ни отворате обложувалници. Ни ја загрозувате иднината како млади луѓе. Ја загрозувате нашата финансиска состојба, како и нашиот ментален мир. Чувствувавме загриженост што ќе се формира нова видео лотарија од страна на Владата, со што подразбираме дека апаратите ќе ги имаме насекаде, наместо да имаме младински центри или центри за иновации. Дали разбирате дека младите се поподложни на влијанието на коцкањето отколку возрасните?, рече Асани.

Тој соопшти и податоци од анкета спроведена од Движењето Анти-коцкање за влијанието на игрите на среќа врз младите, во кое се забележува дека 58 отсто од анкетираните млади барем еднаш играле казино, обложувалници или онлајн казино. Посочи дека уште поалармантни се податоците од оваа анкета во која се вели дека 67 отсто од испитаниците изјавиле дека првпат играле на возраст од осум до 18 години.

-Во Северна Македонија имаме повеќе од 1200 казина, обложувалници и онлајн казина. Додека имаме 109 средни училишта, 227 библиотеки и 20 младински центри, што значи три пати повеќе. Затоа решивме да реагираме на оваа одлука на извршната власт и ги поттикнуваме нашите министри и нашата Влада да размислат повеќе за изградба на можности за младите да се развиваат во својот академски и социјален живот, рече Асани.

Back to top button
Close