Младинците на Работнички на мегдан со Шелбурн во младинската ЛШ
Младинскиот погон на Работнички вечерва игра натпревар од младинската Лига на шампиони. Македонскиот претставник во ова натпреварување гостува кај екипата на Шелбурн од Република Ирска. Екипата на Работнички одржа и тренинг во пресрет на вечерашниот дуел.
Ова ќе биде седмо учество за македонски тим во квалификациите од ова натпреварување, а досега учество имаа екипите на Вардар, Шкендија, Победа и Брера Струмица.
Натпреварот Шелбурн – Работнички се игра на Толка Парк вечерва со почеток во 20:45 часот. Реванш дуелот ќе се одигра на 1.октомври во Скопје