Младинската иницијатива за човекови права бара од МВР и народниот правобранител истрага за употреба на сила на протестите во Белград

– Младинската иницијатива за човекови права бара од Министертсвото за внатрешни работи на Србија и Заштитникот на граѓаните, веднаш да покренат независна истрага за прекумерна употреба на сила од страна на полицијата на протестите во Белград.

– Јавноста мора редовно да биде информирана за напредокот на тие истраги, за да се воспостави доверба на граѓаните во институциите и полицијата,откако граѓаните со часови го следеа во живо преносот на судирите меѓу граѓаните и полицијата, пишува во соопштението.

Младинската иницијатива ги повикува највисоките државните службеници на Србија, претседателот Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и останатите функционери да ги искористат нивните овластувања и надлежности со цел да ги нормализираат општествените односи, а не да придонесат за натамошни конфликти.

Во вчерашните протести повредени беа 43 полицајци, според директорот на полицијата Владимир Ребиќ, запалени пет возила и уништена е опрема. Приведени се 24 лица. Тој на новинарско прашање одговори дека полицијата „испукала солзавци колку што било потребно“.  Белградски медиуми јавија дека полицијата употребила над 30 солзавци за да ги растера демонстрантите.  ки/

Back to top button
Close