Младиот боксер Еди Насуфи е загинатиот 19-годишник во тешката сообраќајка во струшко

Македонскиот боксерски репрезентативец, 19-годишниот Еди Насуфи е загинатиот со сообраќајката што вчера се случи на регионалниот пат Струга-Дебар, во село Велешта, струшко.

Тој со возило марка „мерцедес“ излета од патот вчера половина час пред полноќ.

Насуфи беше редовен репрезентативец на Македонија во повеќе возрасни категории, а беше член на струшкиот клуб Синди.

Сочувство до семејството на починатиот млад боксер испрати и македонскиот фудбалски прволигаш Струга Трим Лум.

Back to top button
Close