Младите брачни парови од Гази Баба ќе бидат ослободени од комуналии за градење

Вчера, од Хиподром, како што рече го започнаа новото поглавје со Караванот на идеи „Твоја идеја, заедничка иднина, за Гази Баба која повеќе не запира“.
– Од срце им благодарам на жителите на Хиподром за масовната поддршка, присуството и идеите кои ги споделија со нас. Имав можност лично да слушнам одлични предлози, искрени размислувања и реални потреби – токму тие ќе го обликуваат нашиот фокус во новата програма, порача Стефковски.
Ги промовираше и двата нови проекти.
Првиот се однесува на ослободување од комуналии за млади брачни парови до 29 години – со оваа мерка директно ги поддржуваме младите кои сакаат да изградат свој дом во Гази Баба.
– Создаваме услови младите да останат тука, да формираат семејства и да ја гледаат својата иднина во нашата општина. Ова е конкретна мерка со силна порака: младите се приоритет, вели Стефковски.
Вториот проект е нова детска градинка во Хиподром 2.
– Со оглед на развојот на новата населба и зголемувањето на бројот на млади семејства, оваа градинка е потреба која ја слушнавме од самите жители. Обезбедуваме квалитетна грижа и воспитание за најмладите, блиску до нивниот дом, појасни градоначалникот на Гази Баба и додаде:
– Секојдневно расне поддршката од граѓаните. Караванот на идеи го чувствува пулсот на народот – и секојдневно ни се приклучуваат луѓе од сите возрасти, етнички заедници, политички убедувања и неопределени граѓани. Обединети сме околу едно: сакаме Гази Баба да продолжи напред!