Младите и натаму заболовуваат од Ковид-19 во Кавадарци, регистрирани 4 нови случаи

Младите и натаму заболуваат од коронавирус во Кавадарци. Регистрирани се четири нови случаи, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје. 

Новозаболените, по двајца од двата пола, се на возраст од 20, 22 и 24 години. Сите се со лесна клиничка слика и на домашно лекување. Еден од нив кажал дека имал контакт со заразено лице, а останатите рекле дека не знаат дали имале контакт со позитивни на КОВИД-19. 

Се утврдуваат нивните контакти, со цел нивна изолација.

Back to top button
Close