Младите не заслужуваат ваква власт што им ја одзема иднината, порача Филипче од Струмица

 

Венко Филипче / Фото: Фејсбук

Од трибината на Социјалдемократската младина на Македонија во Струмица, претседателот на СДСМ, Венко Филипче испрати остра критика до власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, обвинувајќи ги дека „им ја крадат иднината“ на младите.

„Младите луѓе во нашата земја, не заслужуваат вака влада. Влада што ја одзема можноста за прогрес. Влада која ви кажува дека можете да купите диплома за да напредувате. Влада што прави сè за да ви сугерира дека единствениот начин за успех е да имате членска книшка од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е срам за една демократска држава,“ рече Филипче.

Тој рече дека младите се деморализирани од системот кој нуди корупција, партизација, неправда и сиромаштија.

„Се среќавам со млади секојдневно, гледам неверојатна енергија, идеи, желба за напредок. Но истовремено гледам и тага – затоа што овде им се одзема правото на фер шанса. Се создава чувство дека во Македонија не вреди да се бориш ако не си дел од партиската шема на власта, рече лидерот на СДСМ“

Back to top button
Close