Младите поети од Балканот, го започнаа тридневното творечко другарување на Поетскиот камп “ Ванчо Николески” во Охрид
Младите поети од Балканот, го започнаа тридневното творечко другарување на Поетскиот камп “ Ванчо Николески” во Охрид
Пендаровски: децата имаат природна дарба и склоност кон убавото
Претпладнево, во зградата на училиштето “Ванчо Николески”, во Лескоец, крај Охрид, започнаа активностите од, петтиот по ред, Балкански поетски Камп за деца и млади “Ванчо Николески”.
Учесниците од оваа, единствената институција кај нас, која го носи името на родоначалникот на македонската литература за деца и млади, приредија импресивна културно – уметничка програма, додека учесниците – млади, надежни поетски имиња од нашата земја, Србија, Хрватска, Бугарија, Грција, Албанија и Црна Гора, ги поздрави и им посака плодна работа, претседателот на Друштвото на писателите на Македонија, професор – д-р Христо Петрески.
-Николески, со кого имав бројни средби, како дете и подоцна како автор, беше питома и плодна душа, која ги заслужува сите почести што вие учениците ги правите денес, заедно со организаторите на Поетскиот камп, напомена Христо Петрески, додавајќи дека “во иднина, за ваквите чекори, официјалните институции кај нас, треба да имаат повеќе слух и разбирање“.
Во име на организаторот, Здужението за култура и литература МАЦКОВО, неговиот претседател Веле Митаноски, го прочита Посланието на претседателот на СРМ, Стево Пендароски.
-Овој, петти по ред, Балкански поетски камп, се одржува во годината кога одбележуваме 100 години од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, кој не пишувал поезија за деца, но нагласувал, дека, секое дете има природна дарба и склоност кон убавото што треба да се негува, гаи и воспитува, за да израсне во свесен однос кон убавината, кога нивните детски гледања ќе им отстапат место на зрелите творечки зафати и согледувања”, порача Пендаровски.
Обраќајќи им се на младите творци, Пендароски им посака да истраат во нивниот креастивен потфат и со нивната поезија да станат инспирација за оваа и следните герации.
До учесниците со видео пораки се обратија нивни, млади врсници-творци од земјата и странство, како и претседателот на Литературното друштво “Ванчо Николески” од Квинбиен, Австралија, Наум Трајчески.