Младите во земјава да ја препознаат ЕУ, а државата да им обезбеди перспектива и европска иднина

Од Северна Македонија годишно заминуваат околу 9,5 илјади млади луѓе. Но, ако се цени квалитетот и ако имаат еднакви шанси, без никакви врски и привилегии, тие навистина може да си го најдат местото тука. Земјава создава се повеќе и подобри услови младите да не заминат надвор, да се вградат во системот што се реформира и во општеството кое оди напред, а доказ за тоа се преговорите со ЕУ, порачаа учесниците на денешниот настан „Враќање и задржување на домашниот млад високообразован кадар од Република Словенија во Република Северна Македонија…И КАКО“ што се одржа во Стопанската комора.

Според владините претставници, младите во земјава треба да ја препознаат ЕУ, а државата мора да им обезбеди перспектива и европска иднина. Бинзисот, пак, потсетува дека во услови на изострена конкуренција на пазарот на трудот ги препознава квалитетните и високообразовани кадри, но тоа, како што апелира, мора да го прават и државните органи и институции.

Покрај добрата заработувачка што е предизвик за младите, сигурно и квалитетните услови за живот се она што би ги задржало овде, во државава, смета приватниот сектор.

фтото: МИА

-Одлив на кадри се случува секаде, не само кај нас. Но, главната порака што младите треба со сигурност да ја знаат е дека во Македонија тие ќе ја најдат ЕУ. ЕУ е тука во Македонија, во Скопје, во секој град, во секое населено место, село, во секој дел од нашата земја. Тоа се условите кои треба ние да ги обезбедиме и веќе работиме на неколку аспекти, не само како политичка фраза, туку и со конкретни мерки, во делот на студентскиот стандард, во делот на можности за вработување, како и можности за поддршка на младите во претприемачки иницијативи за научна перспектива тука. И покрај сите овие работи кога ќе се направат, сепак ќе има млади што ќе наоѓаат подобри можности во други земји и тоа е феномен што постоел отсекогаш во светот, постои и тука, но тоа што е наша задача е да обезбедиме младите да имаат перспектива и да гледаат европска перспектива тука во Македонија, рече министерот за финансии Фатмир Бесими.

Тој истакна дека младите се капитал и инвестирањето во нив е клучно за развојот на едно општество, за стопанството и генерално, за економијата на една земја. Но, младите, порача, треба да се и креативни, подготвени да преземат одговорност, желни да напарват промени и да ја создадат својата иднина.

-Предизвиците кои стојат на таа тема, како да го задржиме тој капитал во нашата земја, тоа се инвестициите во образование, тоа е еден аспект и второ, тие да се вратат назад, посебно тие што студираат во странство. Едноставно е колку можности и какви перспективи се создаваат тука кај нас, гледано од стратегијата за човечки капитал која веќе Владата ја има во завршна фазас тој проце. Значи, е опфатен и делот на младите – создавање нови можности преку Агенција за вработување има мерки во однос на самовработување и други мерки за ангажирање од приватниот сектор на млади, но исто така има и уште еден дел што се дава поддршка на проекти што ќе ги носат млади креативни претприемачи во делот на Фондот за иновации и технолошки развој, како и други опции што стојат како можност за младите. Ќе ја искористам познатата изрека од меѓународни лидери на држави, дека иднината е најдобро да ја проектираш, да ја создадеш и тоа е една порака за младите дека со давање можност тие да ја креираат нивната иднина тука во нивната татковина како идна земја членка на ЕУ. Веќе тие процеси се почнати, билатералниот скрининг веќе е во фаза на реализација. Секој ден наши претставници од државните институции се во Брисел заедно со ЕК разговараат за секое поглавје по однос на тоа до каде сме и што дополнително треба да се направи за финализирање на нашата интеграција во ЕУ како идна дестинација, заеднички пазар и перспектива за земјава, младите и граѓаните воопшто, потенцира Бесими.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски кој се осврна на својот ресор, ги потенцира конкретните мерки и чекори за подршка на младите од различен аспект.

фото: МИА

-Младите се ослободени од плаќање закупнина за земјоделско земјиште во првите три години. Од новите мерки за млади што можеби се најдобрите или единствени во регионот, би посочил дека ги зголемивме грантовите за 100 проценти, 20 илјади евра грант за сите млади земјоделци е овозможен во овие неколку години, но и за сите можности што како Министерство ги правиме преку ангажирање волонтери, голем број практиканти и млади луѓе на кои им даваме можност да се вработат во Министерството доколку ги поминат сите овие успешни процеси што значи, потврдуваме дека може без врски, може без привилегии. Да испратиме силна порака дека ако имаат еднакви шанси младите и ако квалитетот се цени тие навистина може да го најдат местото тука и верувам дека главната цел што треба да ја оствариме, а преку која ќе ги мотивираме, е остварувањето на стратешките цели на државата. Триесет години се зборуваше за ЕУ, ама 30 години многу малку се направи во тој поглед. И денеска е токму денот и периодот кога преговараме со ЕУ, кога ги отвораме европските фондови и кога создаваме се подобри услови за квалитетен живот на младите, односно го правиме тоа што сме го пропуштиле со децении наназад, подвлече Николовски.

Тој потсети и дека од оваа година прв пат се овозможи највисока стипендија за студентите на Земјоделски, Ветеринарен и Шумарски факултет.

-Се работи за една од највисоките стипендии во регионот од 18 000 денари, средства од кои се откажа Министерството и беа префрлени во МОН со цел студентите на ветерина, шумарство и земјоделство првпат по 30 години да добијат највисока стипендија девет месеци во годината што претставува силен мотив и јасна порака дека создаваме се повеќе и се подобри услови  за младите и студентите да останат и да се вградат во системот којшто се реформира и општеството кое што оди напред, а доказ за тоа е преговорите со ЕУ заради тоа што е клучна и стратешка цел на државата токму тоа, рече министерот.

Словенечката в.д. амбасадорка Татјана Ковачич рече дека во тековната школска година во Словенија има активни 1 443 студенти. И претходно имало голем број студенти кои своите кариери ги градат во Словенија, но и подалеку во светот.

Slovenia firmly supports North Macedonia on its Euro-integration path. We believe it is realistic and achievable for the country to become an EU member by 2030, said Slovenian Chargé d'Affair
фото МИА

-Младите образовани кадри се голема инвестиција во иднината, бидејќи со стекнатото знаење и искуство многу ќе придонесат за побрз развој на државата и нејзината интеграција во ЕУ, односно за преобразување во држава членка на ЕУ.
Тие студенти се и можна врска помеѓу двете држави зашто со своето делување обезбедуваат задржување и натамошно зајакнување на високото ниво на добри односи и интензивната соработка. Затоа сакаме да најдеме патишта и поврзување на соработка помеѓу државните, академските, економските и невладините институции и претпријатија од двете држави со заедничка цел – подобрување на перспективите на сите образовани, креативни и активни претставници на младата генерација од Македонија кои по завршените студии во Словенија би се ангажирале во претпријатија, институции и организации во својата татковина каде што своето знаење и искуство најдобро ќе можат да ги искористат за себе. Со тоа ќе придонесеме кон успешно работење на економијата, развој на државата и општо подобрување на многу подрачја на работа и живот во државата и на нејзина побрза интеграција во ЕУ, порача Ковачич.

В.д. амбасадорката додаде и дека еден од најважните облици на помош е овозможување студии за македонските државјани во Република Словенија под исти услови што важат за словенечките студенти.

фото: МИА

-Околу 9,5 илјади млади луѓе заминуваат од земјава на годишно ниво. Ние инсистираме и во нашиот фокус, како претставници на бизнис заедницата, е постојано да реализираме активности за задржување на младите кадри во земјава. Има бројни мерки и активности што придонесуваат за тоа, а една од нив е и денешниот настан.  На денешниот настан ќе дискутираме на оваа тема и ќе ги утврдиме недостатоците, предностите, се она што е релевантно за да може понатаму да се спроведува политика значајна за задржување на младите во земјава. Наша заложба е да придонесеме и државните органи и институции да имаат поголема можност и активности за привлекување на овој кадар заради квалитетни услуги што претставуваат поддршка на бизнисот. Истовремено апелираме да се инвестира во научноистражувачки институти, лаборатории и други соодветни активности што ќе придонесат за поддршка на бизнис заедницата, а ќе може да го апсорбираат овој кадар, истакна Елена Милевска Штрбевска од Стопанската комора.

Back to top button
Close