Mладоженец во Турција починал од куршум при пукотница

Младоженец починал од повреди здобиени при свечена пукотница по неговата свадба на северот од Турција.

Додека младенците по церемонијата оделе кон својот дом, младоженецот, 23-годишниот Али К., бил ранет од истрели што наводно ги испукала роднина на неговата сопруга, јави државната агенција „Анадолу“.

Жената била приведена, а во нејзината градина биле пронајдени два нерегистрирани пиштола, соопшти агенцијата. Обвинителите отворија истрага за инцидентот што се случил во градот Шебинкарахисар во провинцијата Гиресун.

Свечената пукотница е вообичаена на свадби во северниот дел на Турција. Минатата недела еден маж загина, а две лица беа повредени пред свадба во североисточната провинција Трабзон.

Свадбата беше откажана, а две лица, меѓу кои и еден полицаец, беа приведени во врска со инцидентот, објавија локалните медиуми

Back to top button
Close