ММФ: Стимулациите на Бајден можат да го зголемат БДП на САД за пет отсто за три години

Пакетот економски стимулации од 1,9 трилиони американски долари, предложен од американскиот претседател Џо Бајден, може да го зголеми американскиот БДП за пет проценти во следните три години, проценува главната економистка на Меѓународниот монетарен фонд, Гита Гопинат.

Таа изјави дека предложениот пакет. според првичните проценки, би можел оваа година да ја зголеми економската активност во САД за дури 1,25 отсто.

Според најновите проценки на ММФ, се очекува економијата на САД да се зголеми 5,1 процент оваа година, по падот од 3,4 проценти во 2020 година. За 2022 година се предвидува раст од 2,5 проценти.

Гопинат истакна дека ММФ не го вклучил влијанието на планираниот стимулативен пакет во пресметките и ќе почека да види што ќе прифати Конгресот на САД.

– Според првичните проценки, американската економија може да забележи раст кумулативно за пет проценти за три години, доколку биде усвоен пакет мерки во вредност од 1,9 трилиони долари, изјави Гопинат по објавувањето на ажурираните проценки на ММФ за глобалната економија.

Back to top button
Close