ММФ за САД: Зголемување на бројот на заразени со Ковид-19 најголем ризик за економијата
– Главен ризик за економско закрепнување на САД е повторното појавување на случаи на заразени со Ковид-19 што би принудило повторно деловно затворање, предупреди денеска Меѓународниот монетарен фонд.
Владата на САД ќе треба да стори повеќе во наредните месеци за да обезбеди поддршка на домаќинствата и да ја зголеми побарувачката, како и да се посвети на намалување на сиромаштијата и недостатоците во здравствениот систем на САД, се вели во годишниот извештај на ММФ за најголемата светска економија.
„Дури и со невидена поддршка на политиката што и се дава на економијата“, САД претрпеа пад од 37 проценти на БДП во вториот квартал, а економијата се очекува да се намали за 6,6 проценти во 2020 година, се вели во извештајот на фондот, истакнувајќи ги „огромните неизвесности“.
„Главниот ризик, и оној што е најтешко да се измери, е дека повторното зголемување во бројот на случаи на зарразени во САД може да доведе до обновени, делумни вонредни мерки со затворање работа на бизниси“, се вели во извештајот.
ММФ предупредува дека товарот на економското влијание го сносат семејства со пониски приходи.
„Веќе има итни знаци на предупредување дека големината на економската контракција и секторската распределба на економските загуби ќе доведат до системско зголемување на сиромаштијата“, велат од ММФ.
Според нив, „ќе биде потребен понатамошен круг фискални мерки во наредните месеци за зголемување на побарувачката, зголемување на подготвки во здравственот сектор и поддршка за најранливите“.
„САД имаат фискален простор и треба да брзо да реагираат за да се забрза заздравувањето од второто тримесечје, трајно да се подобри мрежата за социјална сигурност“, се вели во извештајот. зш/