Многу несреќи на „Јаја Паша“, Ганиу и Арсовска си ја префрлаат одговорноста

Булеварот „Цветан Димов“, познат како улица „Јаја Паша“ во Чаир, стана црна точка за граѓаните, место каде што се случуваат многу несреќи.

На прашањето за ова, градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, го обвинува Град Скопјe, велејќи дека оваа улица ја менаџира Град Скопје.

„Вие сте сведоци дека настаните што се случуваат се на улиците што ги менаџира Градот Скопјe и ние сме сведоци дека за речиси 3 и пол години менаџирање, Градот Скопјe не сметаше за соодветно да инвестира во општина Чаир, ниту една линија, ниту еден знак за сигнализација“, рече Ганиу.

Од друга страна, градоначалничката на Градот Скопјe, Данела Арсовска, изјави дека одлуката за Цветан Димов мора да биде координирана со Општина Чаир, која ги издава сите релевантни дозволи за негова изградба, вклучително и градежната дозвола. Таа вели дека на Ганиу не му се допаднале решенијата што ги понудил Градот Скопјe.

 

Скопје уште на самиот почеток на мандатот презентираше проектно решение за кое се изготвија две сообраќајни решенија и симулации. За жал истите не беа по ќеиф на мегаломанските идеи на Висар Ганиу кој од личен каприц ги остава чаирчани, а со тоа и половина Скопје без овој важен булевар. Иако знае имајќи ја во предвид подземната инфраструктура и близината на деловните објекти како и на куќите и зградите на жителите на тој потег, дека е невозможна изградба на подземна сообраќајница, тој јавно презентираше такво сообраќајно решение кое го најави помпезно пред повеќе месеци и со својот ментор ветија дека ќе го реализираат булеварот Цветан Димов.“, изјави Арсовска.

Арсовска вели дека Ганиу нема ни можност ни капацитет за реализација на овој проект за граѓаните, иако вети, сега се обидува да му ја префрли вината на некој друг (tv21)

Back to top button
Close