“Многу текстови во медиумите се потполно лажни” – вујкото на Данка ги опиша настаните непосредно пред исчезнувањето на девојчето

“Сега ќе ви ја кажам вистината за тоа што всушност се случи тој ден. Ретко она што се пишува во медиумите е вистина. Значи, да почнеме по ред”.

Со овие зборови, ексклузивно за „Блиц“, Стефан Драгомировиќ, братот на Ивана Илиќ, мајката на исчезнатата Данка Илиќ (2), ја започнува приказната за кобните минути кога на 26 март во Бањско поле кај Бор исчезна девојчето по кое трага цела Србија и дел од Европа.

Вујкото на исчезнатото девојче на репортерката на „Блиц“ и ја покажа последната фотографија од Данка Илиќ, направена непосредно пред да исчезне, на која се гледа девојчето заедно со нејзиниот постар брат.

На сликата, Данка е оддалечена приближно 30 метри од нејзиниот брат и речиси е надвор од видното поле на мајката која ја фотографирала

-На таа фотографија Данка е оддалечена 30 метри од братот и мајка си, во близина на сеното и цепаниците во дворот од куќата. Можеби некој се криел позади и го чекал вистинскиот момент. Тоа е последната фотографија што е на телефонот на сестра ми и е направена во 13 часот и 20 минути – вели вујкото на Данка.

Данка истиот ден веќе се обиделе да избега

Вујкото на Данка тврди дека девојчето се обидело да избега и претходно истиот ден, но мајка и лесно успеала да ја пронајде.

Сестра ми Ивана отишла до автомобилот да му донесе вода на постариот син. Девојчето било само во дворот само неколку секунди. Кога се вратила, Данка ја немало – тврди Стефан Драгомировиќ, опишувајќи го моментот на исчезнувањето на девојчето.

Драгомировиќ тврди дека не е точно дека во тој момент, кога неговата сестра ги шетала децата, во Бањско поле врнело силен дожд.

– Како што можете да видите од овие слики (ги дава сликите на увид), надвор беше сончево, дури потоа врнеше. Не знам зошто ја обвинуваат сестра ми дека ги изнесувала децата надвор на дожд и тоа потоа го толкуваат како сомнително однесување- вели вујкото на Данка Илиќ додека ги покажува последните фотографии од неговата внука.

 

Мајката мислела дека самата ќе ја најде Данка 

Драгомировиќ додава дека мајката на Данка, откако нејзината ќерка исчезнала, не алармирала веднаш бидејќи верувала дека Данка е некаде во близина и дека самата ќе се најде.

Се јавила, барала, барала насекаде, но Данка никаде ја немало… Се исплашила и му се јавила на сопругот Милош, известувајќи го дека не може да ја најде ќерка си.

„Не знам точно колку беше часот, но набргу потоа повикаа полиција“, вели тој

Back to top button
Close