Мнозинството Ирци сакаат да работат од далечина и после вонредните мерки

– Речиси 80 ​​проценти од ирските вработени сакаат да работат од дома барем дел од работната недела, и по укинувањето на вонредните мерки поради Ковид-19, покажа спроведено истражување, објавено денеска.

На прашањето како ја замислуваат идеалната работна недела кога животот ќе се врати во нормала, најголем број, 24 проценти одговориле дека би сакале да работат од дома два до три дена неделно, 20 проценти би сакале да работат од дома еден или два дена неделно, исто 20 проценти сакаат три до четири дена неделно да работат од дома, а 14 проценти би сакале да одат во во канцеларија само кога е неопходно. Околу 15 проценти од Ирците би се вратиле на работната рутина како пред почетокот на пандемијата на коронавирусот.

Истражувањето го спроведе АИБ/Амарач Рисрч на примерок од над 1000 испитаници во текот на последните четири седмици.

Back to top button
Close