Мнозинството земји од ЕУ ќе отстапат дел од своите вакцини за петте најпогодени членки

Бугарија, Хрватска, Естонија, Летонија и Словачка, како најпогодени земји од коронавирусот во ЕУ, меѓу себе ќе поделат 2,85 милиони дози, кои ги отстапија повеќето од останатите членки на Унијата

По неколкудневни преговори, поголем дел од земјите членки на ЕУ се согласија да го променат системот за распределба на 10 милиони дози вакцини од „Фајзер“ што треба да стигнат во вториот квартал на годината, односно на почетокот на летото, па дел од своите дози ќе ги отстапат за петте најпогодени земји.

Досега вообичаената пракса беше вакцините да се распоредуваат според бројноста на населението.

Според договорот што го постигнаа амбасадорите на ЕУ, од десетте милиони дози, 19 земји членки ќе останат 2,85 милиони кои ќе ги поделат петте најпогодени земји од Унијата: Бугарија, Хрватска, Естонија, Летонија и Словачка.

Хрватската влада веќе објави дека оваа земја ќе добие дополнителни 747 000 дози.

Државите кои се согласија да ги прераспределат своите вакцини се: Белгија, Кипар, Данска, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Шпанија и Шведска.

Трите земји, пак, кои ќе си го задржат целосниот дел од испораката се: Австрија, Чешка и Словачка.

Back to top button
Close