МНР демантира: Македонија има своj Генерален конзул во Њујорк, засега не се предвидува негова предвремена замена

Министерството за надворешни работи денеска упати реакција по повод вестите бројните објавени нецелосни информации поврзани со испраќањето на дипломати во Дипломатско – конзуларните претставништва.

„Со оглед дека се работи за информации од доверлив карактер, дозволете да информираме дека Република Северна Македонија во моментов има Генерален конзул во Њујорк, Јордан Панев, кој е дипломат од кариера, и кој е избран согласно сите законски прописи“, велат од МНР.

Од таму додаваат дека во моментов тој е на половина од својот мандат и засега не се предвидува негова предвремена замена.

Ваквата реакција на Министерството следува по бурната реакција на јавноста откако медиумите објавија дека ТВ презентерката Бесмира Ејупи е преложена за нов генерален конзул на Македонија во Њујорк

Back to top button
Close