МНР ќе се одржи конференција по повод 75 години од формирањето на НАТО
Во Министерството за надворешни работи, во организација на фондацијата Конрад Аденауер ќе се одржи конференција по повод одбележување на 75-годишнината од формирањето на Алијансата „НАТО – 75 Години единство, соработка и колективна одбрана: Безбедносни предизвици за Европа“.
Настанот, како што соопшти Фондацијата, ќе се одржи во големиот амфитеатар на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Предвидено е конференцијата да ја отвори министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, а учество со свои излагања во рамки на конференцијата ќе имаат министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, како и амбасадорките на САД и Германија, Анџела Агелер и Петра Дрекслер.
Иницијативата, како што се најавува, ќе собере на едно место високи државни чинители, претставници на меѓународната заедница, експерти од областа на одбраната, безбедноста и меѓународните односи од земјата како и од регионот, кои заеднички ќе дискутираат за актуелните безбедносни предизвици кои ја засегаат Европа и регионот, како и за неопходноста од поинтензивна соработка во услови на сè понеизвесни безбедносни и геополитички околности