МНР ќе троши 4.3 милиони денари за ресторански и хотелски услуги во земјава
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на 30 мај годинава склучило договор со Друштво за агенциски и туристички работи и други услуги Голден тур ДООЕЛ Скопје за ресторански и хотелски услуги зо земјата и за закуп на конференциски сали во вредност од 4.307.000 денари.
На повикот за јавната набавка се јавиле само две компании.

Како што стои во договорот, носителот на набавката е должен да ги обезбеди услугите во рок од два дена согласно техничката спецификација од МНР.
