МНР го објави билатералниот протокол со Бугарија

Министерството за надворешни работи го објави билатералниот протокол, кој министрите за надворешни работи на Северна Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска го потпишаа денеска во Софија.

 

Потпишувањето на протоколот и одржувањето на состанокот на меѓувладината комисија следуваа откако вчера францускиот предлог беше одобрен од страна на Владата по усвојувањето на заклучоците во македонското Собрание.

Овој протокол произлегува од Договорот за добрососедство потпишан во 2017 години и треба да претставува годишен пресек за напредокот на двете држави во реализацијата на Договорот.

 

Целиот Протокол, интегрално, можете да го прочитате тука.

Back to top button
Close