МНР на Бугарија: Условите за меѓувладина конференција со Скопје не се исполнети

 

Условите за одржување на меѓувладина конференција со Република Северна Македонија не се исполнети, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи.

Советот на министри ја одобри позицијата на Бугарија да учествува на состанокот на Советот за општи работи што ќе се одржи на 22 јуни во Луксембург.

Министерството за надворешни работи на БУгарија нагласува дека позицијата во однос на рамката за преговори за пристапување на Република Северна Македонија во Европската унија останува непроменета. Рамката за преговори треба да ги содржи потребните гаранции во врска со спроведувањето на Договорот за пријателство и добрососедство од 2017 година, кои во моментов не се исполнети. Затоа не се исполнети и условите за спроведување Меѓувладина конференција.

Бугарија останува отворена за дијалог и презема чекори за градење доверба и враќање на прагматичен и конструктивен дијалог, соопшти Министерството за надворешни работи на Бугарија.

Back to top button
Close