МНР: Одлуката на Русија за протерување наш дипломат e без мериторна основа
Вршителот на работите во Амбасадата на Република Северна Македонија во Москва, Оливера Чаушевска Димовска беше повикана во Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, каде и беше врачена Нота за прогласување персона нон грата на наш дипломат – втор секретар.
Како што соопшти МНР, одлуката на руското Министерство за надворешни работи, за протерување на дипломатот, кој неодамна беше делегиран во Руската Федерација, преставува возвратна политичка одлука без никаков мериторен основ.
Министерството додава дека во Амбасадата во Москва останува да ги извршува своите обврски вршителот на работите, а наскоро ќе биде упатен и новиот амбасадор акредитиран за Руската Федерација, кој ги помина сите чекори за упатување.
Претходно, руското МНР соопшти дека „мерката е одговор на сосема неоснована одлука за прогласувањето на дипломат во Амбасадата на Русија во Скопје за „персона нон грата“ донесена од страна на Северна Македонија во август оваа година“.