МНР: Познат е идентитетот на убиениот македонски државјанин во Бугарија, Амбасадата е во комуникација со надлежните органи

Според првичните информации што Амбасадата на Македонија во Софија ги добила од надлежните институции на Бугарија, во текот на вчерашниот ден во Бугарија е пронајдено безживотното тело на на И.Н. (49 години), државјанин на Република Северна Македонија, информираат од Министерството за надворешни работи за „360 степени“.

„Амбасадата на Северна Македонија во Софија продолжува да биде во редовна комуникација со надлежните органи во Бугарија, од кои се очекуваат повеќе информации во врска со случајот и за текот на постапката за целосно расчистување на случајот, за што МНР дополнително ќе ја информира јавноста. Воедно, Амбасадата останува на располагање на семејството на починатиот граѓанин за евентуални потреби“додаваат од МНР.

Како што веќе објавија бугарските медиуми, македонски државјанин е убиен во Сончев Брег, јавуваат бугарските медиуми повикувајќи се на информации од полицијата. Мажот бил избоден со колец.

Во четвртокот околу 11 часот, регионалната канцеларија на Несебар добила порака дека машко тело со видливи повреди на главата е пронајдено во шумска предел до ресторанот „Бацвата“ на Сончев Брег, Запад.

По увидот на полицијата, било констатирано дека телото е на 49-годишен македонски државјанин. Тој на 24 јануари влегол во Бугарија преку граничниот премин Деве Баир-Ѓуешево. По извршени многубројни оперативно-претресни активности и процесно-истражни дејствија, меѓу кои распити, одземање видеоснимки од безбедносни камери на широк периметар, констатирано е дека извршител на убиството е 14-годишно момче од Несебар.

Back to top button
Close