МНР реагираше во француската амбасада за синоќешната изјава на макрон во која употреби термин „северномакедонци“
Министерството за надворешни работи упати реакција до Француската амбасада откако во вчерашната изјава францускиот претседател Емануел Макрон измисли непостоечки термин „северномакедонци“, кога кажа дека ќе се разговара во следните часови да се одблокира процесот за тргање на ветото за пристапни преговори на Македонија со ЕУ.

Иако во целосната изјава Макрон неколкупати употреби Македонија место Република Северна Македонија, сепак МНР реагирало до Француската амбасада за навредливиот термин „северномакедонци“.