МНР во сино и жолто во знак на солидарност со Украина

24 февруари е тажен ден за Украина и мрачен ден за Европа. Со нападот врз Украина, Кремљ уште еднаш грубо го прекрши меѓународното право со кое им донесе страдање и уништување на своите непосредни соседи и го прекрши суверенитетот и границите на Украина. Истовремено, ваквите дејствија го доведоа до прашање и мировниот поредок на нашиот континент. За ништо од ова нема оправдување. Војната и огнот не се шега, а употреба на сила и принуда нема место во 21 век“, напиша шефот на македонската дипломатија вечерва на Фејсбук.

2Вечерва, го осветливме Министерството за надворешни работи во боите на украинското знаме со што сакаме да пратиме силна порака на поддршка и солидарност со Украина и пријателскиот украински народ, во овие тешки моменти. Нашите народи се добро познати по подавањето рака на оние на кои таа им е потребна, нешто што е запишано и во историјата. Ние ќе вложиме напори да запрат вашите страдања“, напиша Османи.

Во оваа прилика уште еднаш ја реафирмираме нашата недвосмислена поддршка за суверенитетот, територијалниот интегритет и неповредливоста на границите на Украина и како земја членка на НАТО и одговорен чинител во меѓународната заедница упатуваме апел за итен прекин на воените дејствија врз Украина и враќање на мирот, додава министерот за надворешни работи.

Back to top button
Close