МНТ со „Нема да биде крај на светот“ гостува на италијанскиот фестивал „Монте Сакро“

Копродукциската претстава „Нема да биде крај на светот“ на НУ Македонскиот народен театар вечер ќе се прикажува во рамките на италијанскиот фестивал „Монте Сакро“ во Фоџа.

Фестивалот „Монте Сакро“ потекнува од Апулија во областа Гаргано, а се одржува во спомен на младиот прерано починат писател Матео Латино. Фестивалот е во режија на композиторот Артуро Анекино и има цел да ги вкрсти различните јазици на уметноста.

Како што соопштија од Македонскиот народен театар, „Нема да биде крај на светот“ од својата премиера до денес е една од најнаградуваните претстави, а до сега доби повеќе од десет награди.

Back to top button
Close