Мнучин: Граѓаните на САД во август ќе добијат помош од 1200 долари

 Американскиот секретар за финансии Стивен Мнучин соопшти дека републиканците се подготвени, среде епидемијата на коронавирус, да го реализираат следниот пакет помош во понеделник, и дека за тоа добиле поддршка од Белата куќа.

Тој вети нова рунда стимулативни чекови од 1.200 долари, кои би можеле граѓаните да ги добијат во август.

Мнучин пред новинарите Капитол Хил рече дека продлабочувањето на долгорочните бенефиции за невработеност – но и нивно значително намалување – бил главен приоритет на претседателот Доналд Трамп.

Белата куќа изнесе план како да се намали дополнителната помош до 100 долари месечно, додека републиканците во Сенатот беа повеќе за 200 долари со општ договор за укинување на некои стимуланси.

Со истекот на рокот за мерката од 600 долари неделно за невработеност, ги принуди републиканците да дејствуваат. Демократите веќе пред два месеци го одобрија својот сеопфатен план од три илјади милијарди долари.

Мнучин оцени дека неделната помош од 600 долари е „смешна“ и дестимулирачка за луѓето да се вратат на работа.

Back to top button
Close