МО: Документот објавен од политичка партија е строго доверлив, се отвора постапка за одговорност

 

Политичките партии и поединци, додаваат од МО, во своите настапи и обиди да придобијат политички поени, да стојат понастрана од припадниците на Министерството за одбрана и Армијата, да не ги поттикнуваат на извршување на кривични дела, со кои го нарушуваат сопствениот, но и угледот на Министерството и Армијата
Ова следува откако денеска од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ се повикаа на документ со кој, како што тврдат, премиерот Димитар Ковачевски не заминал во војска и го повикаа да објасни зошто во 2001 година избегнал да служи воен рок

Министерството за обрана (МО) информира дека документот кој е објавен од политичка партија е документ кој во документацијата на Министерството и Армијата првично е заведен како документ со печат „воена тајна“, а подоцна по носењето на Законот за класифицирани информации, добива класификација „строго доверливо“.

Ова следува откако денеска од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ се повикаа на документ со кој, како што тврдат, премиерот Димитар Ковачевски не заминал во војска и го повикаа да објасни зошто во 2001 година избегнал да служи воен рок.

„Министерството за одбрана, согласно своите надлежности, постапувајќи по Закон и штитејќи ги интересите на државата и на граѓаните, отвора постапка за утврдување на одговорност за несовесно ракување и неовластено објавување на документи со класифицирана содржина“,посочуваат од МО.

Политичките партии и поединци, додаваат од МО, во своите настапи и обиди да придобијат политички поени, да стојат понастрана од припадниците на Министерството за одбрана и Армијата, да не ги поттикнуваат на извршување на кривични дела, со кои го нарушуваат сопствениот, но и угледот на Министерството и Армијата.

 

Откако вчера ВМРО-ДПМНЕ повика премиерот Димитар Ковачевски да објасни дали и зошто во 2001 година избегнал да служи воен рок, денеска од опозициската партија се повикаа на документ со кој, како што тврдат, премиерот не заминал во војска.

Во реакција на тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Ковачевски посочи дека никогаш не бегал од одговорноста за служење на воениот рок, а оти само нечесни и уплашени луѓе злоупотребуваат нечиј здравствен предизвик и последователна хируршка интервенција од пред 20 години за, како што рече, да го прикријат својот срам и криминал.

 

Back to top button
Close