Моќна ирачка милиција му се заканува на Трамп
Моќната шиитска милиција од Ирак, која е поддржана од Иран, објави дека ќе нападне американски воени бази на Блискиот Исток доколку администрацијата на Трамп се вклучи во израелско-иранскиот конфликт.
-Потврдуваме, со уште поголема јасност, дека ако САД влезат во оваа војна, расеаниот Трамп ќе ги изгуби сите трилиони од овој регион за кои сонува. За таа цел се воспоставени оперативни планови, рече Абу Али ал-Аскари, шефот за безбедност на Катаиб Хезболах.
„Несомнено, американските бази низ целиот регион ќе станат ловишта“, додаде тој.
Белата куќа вчера објави дека американскиот претседател ќе донесе одлука во рок од две недели дали да започне напад врз Иран.
Ал-Аскари, исто така, се закани дека ќе го затвори Ормутскиот теснец помеѓу Персискиот Залив и Оманскиот Залив, како и тесниот воден пат Баб-ел-Мандеб што води кон Црвеното Море од југ. „Нафтените пристаништа покрај Црвеното Море ќе престанат да работат, а да не ги спомнуваме непредвидените изненадувања што би можеле да ги чекаат нивните авиони на небото“, рече тој.
САД изјавија во јануари минатата година дека Катаиб Хезболах веројатно стои зад нападот со дронови врз мала американска база во Јордан позната како Кула 22. Во нападот загинаа тројца американски војници, а беа ранети повеќе од 30 други.