МО: Со прелетот над Скопје, американските бомбардери го демострираа силното сојузништво со НАТО


Воздухопловните сили на САД во текот на денот ќе извршат прелети и над воздушниот простор на Албанија, Црна Гора и Хрватска

Два воени воздухоплова од типот Б-52 на воздухопловните сили на САД денеска извршија прелет над Скопје, што е уште еден приказ на заедништвото и  силното сојузништво во НАТО, како и посветеноста на сите земји членки на безбедноста и стабилноста на евроатлантската област, соопшти Министерството за одбрана.
Министерството информира дека бомбардерите Б-52 во Северна Македонија влегоа од Бугарија кај Крива Паланка, извршија низок прелет над главниот град, по што македонскиот воздушен простор го напуштија кај Дебар.

„Граѓаните на Скопје и Северна Македонија денеска можеа да видат прелет на два стратешки бомбардери Б52 од американското воено воздухопловство, коишто го покажуваат нашето членство во НАТО Алијансата, безбедноста и сигурноста над нашето небо и небото над сојузниците“,

изјави потполковникот Јован Азмановски од Генералштабот на Армијата, додавајќи дека нашето небо е безбедно и нашето членство е повеќе од видливо.
Воздухопловните сили на САД во текот на денот ќе извршат прелети и над воздушниот простор на Албанија, Црна Гора и Хрватска.

Back to top button
Close