Мојсоска: Со поддршка на необалистот Касами ДПМНЕ ги брани македонските интереси во Тетово?
*Објава на Фејсбук на пратеничката од Левица, Јована Мојсоска
Изјава на (вмровскиот) кандидат за градоначалник на Тетово, Билал Касами: ,,Да ја направиме Македонија ВТОРА АЛБАНСКА ДРЖАВА”.
И овие од Вреди обвинуваат дека Левица е албанофобна?! Левица ниту е албанофобна, ниту распродава државен имот за 1 евро квадрат (како што тоа го прави во Тетово криминалецот Касами со поддршка од комитите од Али Експрес).
Вака ДПМНЕ го брани достоинството на Македонецот во Тетово, со поддршка на кандидат кој отворено промовира НЕОБАЛИЗАМ, иредентизам и македонофобија?! Со поддршка на необалист кој цел мандат го помина во борба да ги избрише антифашистичките имиња на улиците во Тетово?!
И не заборавајте наредни избори пак да им дадете референдумска поддршка и 58 пратеници на ДПМНЕ. За да ја направат Македонија втора албанска држава.