Mојсоски: Сејдини не дозволува Заев и Пендаровски да им посакаат среќен пат на фудбалерите

Премиерот вчера рече дека ова што се случува во ФФМ не е добро за никого, а ни за фудбалерите. Тој балон систем што го споменуваат не вели дека фудбалерите не смеат да се видат со Претседателот и премиерот за да им посакаат среќа.

Ова не е во ред и се надевам дека ќе се најде решение првите луѓе во државата да ги испратат овие херои, спортистите се амбасадори на Македонија. Иницијативата дојде од фудбалерите, стручниот штаб, средбата да се случи на стадионот, со дистанца, на отворено. Премиерот би посакал среќа и ништо повеќе, но видовме дека можело и тоа да се забрани, мислам дека не даваме добра слика во јавноста. Не може никој да ме убеди дека Претседател или премиер не може да ги испрати спортистите на ЕП“ – вели Наумче Мојсоски, директор на Агенција за млади и спорт во Студио 10 на ТВ24.

 

Back to top button
Close