Моџтаба Хамнеи помилува 139 затвореници осудени на смрт
Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Сејед Моџтаба Хамнеи, одобри ублажување на смртните казни за 139 затвореници, по препорака на првиот човекл на правосудството, Голам Хосеин Мохсени-Еџаи.

Портпаролот на правосудството, Али Асгар Џахангир, објави дека одлуката е донесена „од хумани причини и во согласност со исламските принципи на милост“, објави порталот „Прес ТВ“.
Според него, помилувањето не ги вклучува лицата осудени за дела против националната безбедност, учество во немири и саботажи, како и лица осудени за вооружен бунт, организирана трговија со дрога, вооружен грабеж, шверц со оружје, киднапирање, примање мито и проневера.
Џахангир истакна дека одлуката е донесена во период кога многу земји не одобруваат амнестии за време на војни и кризни ситуации.
Според иранскиот Устав, Врховниот лидер има моќ да помилува или ублажи казни на осудени лица по препорака на шефот на правосудството.






