Мобилните единици на Националната служба за јавно здравје на Грција направиле 41.785 тестови

За помалку од два месеци, мобилните единици на Националната служба за јавно здравје на Грција направиле 41.785 тестови, објави министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас преку неговиот официјален „Твитер“ профил, јави дописничката на МИА од Атина.

-Во рок од 50 дена, мобилните групи на Националната служба за јавно здравје во 2.449 случаи земаа 41.785 примероци. Продолжуваме со интензивно земање примероци по случаен избор, засновани на научниот план и со цел дополнително зајакнување на чувството на здравствена безбедност за сите нас, напиша министерот за здравство на Грција.

Мобилните единици, во соработка со невладини организации, меѓу другото, спроведоа и тестирања на локалното население на повеќе мали и оддалечени грчки острови во пресрет на туристичката сезона.

Според официјалните податоци, од почетокот на епидемијата заклучно со вчера,  во Грција направени се вкупно 283.146 тестови, регистрирани  се 3.266 позитивни случаи на Ковид-19, а починаа 190 лица.

Back to top button
Close