Модерна планира да изгради фабрика за производство на мРНА вакцини во Африка

Модерна планира да инвестира околу 500 милиони долари за изградба на фабрика во Африка, што ќе произведува до 500 милиони дози на мРНА вакцини годишно.

Предвидено е да се произведува и  нејзината вакцина против Ковид-19, додека расте притисокот врз фармацевтската индустрија да произведува лекови во Африка. Покрај производството, вакцината може да се пакува на истата локација.

– Очекуваме да ја произведеме нашата вакцина против Ковид-19 во ова фабрика како и дополнителни производи од нашето портфолио на вакцини мРНА, изјави извршниот директор Стефан Бансел на Модерна.

Американската фармацевтска компанијата најави дека наскоро ќе одлучи во која земја и на која локација ќе ја гради фабриката.

Back to top button
Close