„Модерна“: Во првиот квартал од 2021 година ќе бидат достапни 100 милиони вакцини

Американската фармацевтска компанија „Модерна“ соопшти дека очекува во првиот квартал од 2021 година да испорача меѓу 100 и 125 милиони дози експериментална вакцина против Ковид-19.

Компанијата наведе дека 85 до 100 милиони дози вакцина ќе бидат достапни во САД, а 15 до 25 милиони надвор од земјата.

Модерна“ планира следната година да произведе меѓу 500 и една милијарда дози вакцина за целиот свет.

Back to top button
Close