Моди вели дека Индија има намера да постигне нула нето емисии во 2070 година

Индискиот премиер Нарендра Моди денеска го искористи самитот COP26 за климатските промени за да соопшти дека неговата земја има намера да постигне нула емисии на јаглерод во 2070 година, две децении по крајниот рок за кој научниците велат дека е конечен за да се избегнат катастрофалните климатски последици.

Моди, сепак, ја бранеше Индија, посочувајќи дека таа „се придржува до своите климатски обврски“. Тој, исто така, истакна дека Индија има 17 проценти од светското население и е одговорна за само пет проценти од глобалните емисии.

Индискиот премиер им кажа на другите светски лидери дека Индија ќе го зголеми својот удел во обновливата енергија од околу 38 отсто минатата година на 50 отсто до 2030 година.

Индија, која моментално е трета во однос на емисиите на стакленички гасови зад Кина и САД, минатата недела одби да објави која е нејзината целна година за постигнување на нула нето емисии на јаглерод и порача дека е поважно за светот да одреди веродостоен пат за намалување на емисиите.

САД, Велика Британија и Европската Унија ја поставија 2050 година како целна година за нулта нето стапка, што значи дека дотогаш треба да испуштаат само онолку стакленички гасови колку што можат да се апсорбираат од шумите, плантажите, почвата и технологијата за складирање јаглерод која се развива.

Кина и Саудиска Арабија ја поставија 2060 година како целна година, но критичарите велат дека тие цели се бесмислени доколку веднаш не се преземат конкретни мерки. Научниците велат дека треба да се преполоват глобалните емисии до 2030 година и да се достигне нулта нето стапка до 2050 година за да се спречат најлошите ефекти од климатските промени.

Во својот говор, Моди повика и на глобални напори за воспоставување одржлив начин на живот.

– Наместо непромислена и деструктивна потрошувачка, потребна ни е свесна и промислена употреба“, рече тој, наведувајќи го изборот на потрошувачите од амбалажа до прехрана.

– Тие избори што ги прават милијарди луѓе можат да ја унапредат борбата против климатските промени, рече

Back to top button
Close