Модни детали во НАТО: Мицкоски со часовник од 6.900 долари, премиерот на Канада со часовник од 100 долари

Платформа за продажба на часовници, на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм ги анализираше часовниците кои ги носеа лидерите на земјите-членки на НАТО, меѓу кои е и македонскиот премиер Христијан Мицкоски.
„НАТО, Организацијата на Северноатлантскиот договор, е политички и воен сојуз кој моментално се состои од 32 земји-членки, претежно предводени од претседатели или премиери. Нејзините членови се САД, Данска, Шведска, Норвешка, Германија и Турција, меѓу другите – секој со свој стил на лидерство, позадина и интересно, свој избор на часовник“, пишува платформата.
Анализирани се само 20 од претседателите или премиерите на земјите-членки на НАТО колку што можеле да се забележат.

„Меѓу имињата на листата се претседателот на САД, Доналд Трамп, често се гледа како носи Vacheron Constantin, премиерката на Данска, Мете Фредериксен, која е исто така одговорна за Гренланд и носи локален дански бренд, Skagen 🇩🇰, и премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, забележан со изненадувачки познат Tissot со циферблат во стилот на вафла. Тука е и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, чиј часовник се чини дека е долго носено парче исполнето со лична историја и спомени“, објави платформата.
Мицкоски носи „ IWC Portofino“ часовник кој чини 6.900 долари, Еди Рама, премиерот на Албанија е забележан со „Monblanc Star Chrono“ вреден 4.700 долари, а премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ носи часовник „Hamilton“ од 2.000 долари.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц носи часовник „Rolex“ кој чини 8.000 долари, францускиот премиер Себастијан Лекорн носи часовник од 400 долари, додека италијанската премиерка Џорџиа Мелони носи „Apple Watch“ од 250 долари.
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо носи часовник „IWC Da Vinci“ од 15.000 долари, британскиот премиер Кир Стармер носи „Tissot“ од 725 долари, додека премиерот на Канада Марк Карни е со најскромен избор и е забележан со „Swatch“ од 100 долари.
Трамп носи „Vacheron Constantine Historique“ вреден 15.000 долари, данската премиерка Мете Фредериксен носи часовник „Skagen Signature“ од 125 долари, а нејзиниот колега од Шведска, Улф Кристенсон носи „Certina DS Concept Special“ од 1.100 долари. Премиерот на Норвешка Јонас Гас Стере носи обичен „Swatch“ од 84 долари.

Извор: fokus.mk






