Могерини за БТВ: Не знам колку е силен притисокот врз Бугарија за С Македонија, но се надевам дека ќе даде резултат
Во интерес на Европската Унија е неодложно да се започнат преговорите со Северна Македонија и Албанија. Потоа процесот ќе биде долг и тоа ќе биде само почеток, истакна во интервју за БТВ поранешната висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија Федерика Могерини изразувајќи надеж дека бугарското вето за Северна Македонија наскоро ќе биде тргнато.








