“Mojoт живот ќе биде краток. Деновите кога можам, навистина живеам“: 30 луѓе чиј живот ќе заврши скоро објаснуваат што е навистина важно (прв дел)
Иронично е што требаше да ми кажат дека умирам пред навистина да почнам да живеам.
30 луѓе кои се помириле со своите дијагнози и со тоа дека наскоро ќе го завршат својот живот во кратки интервју за Гардијан зборуваат за тоа како одлучиле да го поминат времето кое им преостанува.
Исправени пред најтешката состојба која, како што велат, никогаш не можете целосно да ја прифатите, зборуваат за тоа од каде ја црпат енергијата, и како успеваат времето кое им преостанува да не го трошат на грижа и стравови, туку да го исполна со миговит на радост и да остават убави спомени за оние кои ги најмногу ги сакаат.
Мери Исдејл, 40, Англија
Имам листа на работи што сакам да ги искусам, па сопругoт и семејството даваат се од себе за заедно да направиме што е можно повеќе од нив. Ме одведоа да нуркам на Малдиви, да се возам со балон над Кападокија и да се возам со моторни санки на Исланд. Престојувавме во хотел во пештера, ги видовме пирамидите, Колосеумот и летавме со хеликоптер над Њујорк. Рачно храневме тигри, скокнавме со параглајдер и ги видовме полињата со лалиња во Холандија.
Мојот живот најверојатно ќе биде краток, па затоа во добрите денови, кога сум доволно добро, навистина живеам. Излегувам и правам се што сакам: убав оброк, театар, кино или соба за бегство (escape room).
Болеста го промени начинот на кој правам приоритети. Иако си ја сакав кариерата како лекар, тоа често подразбираше долга работа, пропуштање на Божиќ и родендени, испити, стрес. Да се откажам од тоа е голема жртва, но јас сум подготвена на тоа за да добијам повеќе време со моите најблиски. Иронично е што требаше да ми кажат дека умирам пред навистина да почнам да живеам.
Повеќе не се грижам за ситниците. Животот е премногу краток за чистење. Купот алишта за перење може да почека. И ако сакам да јадам парче торта, секако дека ќе со ја исполнам желбата.
Мишел Боули, 57, Швајцарија
Откако Боули пронашла грутка кај пазувите во летото 2020 година, биопсијата открила рак на дојка. Болеста ѝ се проширила на белите дробови, црниот дроб и коските, а кон крајот на 2021 година и била дадена прогноза од три до шест месеци.
Прифатете се себеси и вашата ситуација. Не трошете енергија борејќи се. Најважните работи во животот се другите луѓе. Обрнете внимание на вашите потреби и правете го она што ве прави среќни. Направете нешто креативно, научете нешто ново, вклучете се во нешто што ви е важно. Уживајте во животот до последен здив.
Не се каам. Отсекогаш сум го правела она што ми било важно и сум го реализирала својот целосен потенцијал без оглед на тоа што другите очекувале или мислале за мене. Имав исполнет живот. Подготвена сум да си одам.
Марк Едмондсон, 41, Англија
Секогаш се држам до тоа дека: „Не она што ни се случува, туку како реагираме на тоа, дефинира кои сме“. Па, како сакате да бидете дефинирани?
Јас многу верувам во тоа дека треба да бидам што е можно поискрен и отворен. Мажите се познати како лоши во споделувањето чувства, но сакам, поради моите синови, да го променам тоа.
We get pushed along in this world by consumerism, but it doesn’t mat
Крис Џонсон, 44, Англија
Во 2019 година, на Џонсон му бил дијагностициран редок карцином на гастроинтестиналниот тракт. Во 2020 година, стотици мали тумори пронајдени на неговиот црн дроб биле причината поради која лекарите му рекле дека му остануваат помеѓу две и пет години.
Имам ограничено време, па повеќе би сакал да правам работи со семејството и пријателите и да имам позитивно влијание врз светот околу мене. Повеќе не сум во канцеларија со кошула и вратоврска. Во 2021 година трчав маратони, а минатата година го завршив Националниот предизвик на искачување три врвови.
Собирањето хуманитарни средства ме одржуваше, но вежбањето исто така помага со несаканите ефекти од хемотерапијата иако, како што болеста напредува, станува се потешко да се трчаат долги растојанија.
Сè уште се грижам за политиката генерално, климатските прашања и мојот фудбалски тим, но повеќе не сум под стрес поради нив. Не се работи за количината на време што го имам, туку за квалитетот.
Луѓето зборуваат за победа над ракот. Јас никогаш нема да го победам ракот, тоа не е опција за мене. Во одреден момент ќе ме убие. Но, дотогаш, како го живеам мојот живот е мојата верзија на победа.
Сиобан О’Саливан, 49, Нов Јужен Велс, Австралија
Откако две недели се чувствувала лошо, на О’Саливан дијагностициран ѝ бил рак на јајниците во август 2020 година. Се проширил и не реагирал на хемотерапија.
Имам колеги и пријатели кои ми праќаа подароци од секој агол на светот. Еден пријател долета од Англија да ме види три дена; помина подолго во воздух отколку со мене. Ваквата великодушност на луѓето многу ме трогнува.
Ракот е исклучително ефикасен во сортирањето што е навистина важно, а што не. Отсекогаш бев многу зафатена личност, и ако бев договорена да се видам со некого на ручек во 13 часот, а тој пристигнеше во 13.20, веројатно ќе бев многу изиритирана. Сега сфатив дека ништо од тоа не е важно. Би сакала да го имав овој став и ваквите поврзувања без да поминувам низ ова срање со ракот. Но, сепак, тука нема скратен пат.
Сиобан О’Саливан почина на 17 јуни 2023 година.
Хари Соко, 59, Малави
Вообичаено велиме: „Ако боледувате од рак, исходот е смрт“. Така моето семејство го прифати тоа. Кога сум сам или пред да засспијам, помисувам: „Зошто боледувам од рак? Како го добив?“
Потребно е време да се прифати тоа. Но, кога ги споделувате вашите чувства со другите, станувате слободни. Немате грижи.
Хуан Рејес, 56, Тексас, САД
На Рејес во 2015-та дијагностицирана му била Амиотрофичната латерална склероза (АЛС); имал симптоми две години, а просечното време на преживување е три. Во следните шест месеци морал да почне да користи инвалидска количка и не можел да ги користи рацете
Јас сум интроверт, тивок и воздржан и се плашам од јавно говорење. Тоа што морав да живеам со АЛС ме ослободи од многу стравови. Отсекогаш сум сакал да се зезам со пријателите и семејството, а сега го користам тоа како моќ, да се забавувам и да едуцирам преку комедијата.
Првиот пат кога направив стендап беше во октомври 2019 година, на собирање средства за АЛС што го организирав во локален клуб за комедија. Немав намера да го направам тоа, но додека ја отворав вечерта, ја искористив шанса. После се чувствував неверојатно жив.
Скокнав со падобран шест месеци по дијагнозата. Првиот миг надвор од авионот ми го одзема здивот. Напливот на воздух беше парализирачки, а миг потоа бев над пејзажот. Спокојот на тишина, прекинат само од шушкањето на крошните го менува животот. Многу ми е мило што го доживеав ова. Умирам, па од што да се плашам?
Керолин Ричардс, 44, Велс
Нејзиниот син имал 16 месеци кога, во 2014 година, оток во стомакот на Ричардс бил дијагностициран како рак на дебелото црево. И било кажано дека, со успешна хемотерапија, веројатно ќе живее две години
Изминативе девет години беа навистина добри, веројатно подобри отколку да немав рак. Различни работи станаа приоритет: поминување време заедно наместо да се грижите за кариерата или да мислите дали ви треба голема куќа.
На некој начин се чувствувам среќна – можев да умрам кога мојот син имаше три или четири години. Се чувствувам како да живеам позајмено време. Но, тој сега ме познава. Ќе ме памети.
Тајра Вилкинсон, 50, Онтарио, Канада
Вилкинсон во 2015 та година, имајќи ја предвид семејната историја на рак на дојка, направила планови за мастектомија. Седум години подоцна, ракот се вратил и се проширил на ‘рбетот, што го прави неизлечив.
Со сопругот имавме планови и за времето кога нашите деца ќе пораснат. Отсекогаш велевме дека ќе бидеме од оние баба и дедо кои со внуците си играат на подот. Дури и да сум жива, нема да можам да бидам таква баба, бидејќи ниту сега не сум способна да ги правам тие работи.
Најдете во себе благодарност за она што го имате затоа што секогаш може – и веројатно ќе биде така – ќе се влошува. Бидете благодарни за сите добри работи во моментов.
Аманда Никол Там, 23, Канада
Посакувам да излегував повеќе со моите пријатели. Посакувам да одев на забави и да останував надвор до доцна. Животот со слобода и безгрижност е нешто што чувствувам дека го пропуштив и жалам што не го искористив кога бев помлада.
Животот е краток и треба да го живеете како што сакате, без разлика што мислат луѓето. Не воздржувајте се. Кажете го она што сакате да го кажете и правете го она што сакате да го правите.
Марк Хјуз, 62, Есекс, Англија
Пред повеќе од 20 години, пневмонија довела до откривање на тумор во белите дробови на Хјуз. Операцијата била успешна, но подоцна ракот се проширил на лимфните јазли. Во 2010 година, во неговите коски била пронајдена ретка форма на рак, која сега е терминална.
Станува збор за тоа да имате цел. Нема да бидам поразен. Единствениот правец е напред, и секогаш имам цел кон која се стремам. Ако ве соборат, станете истресете ја правта и продолжете напред. Тоа е она што ме одржува.
Шанел Хобс, 53, Вирџинија, САД
На 37, Хобс не можела да трча без да падне; ѝ бил дијагностициран АЛС и ѝ били кажано дека ќе живее уште околу пет години. Таа сега е зависна од респиратор и цевка за хранење.
Пред мојата дијагноза, бев многу независна. Се гордеев што ги правам работите сама. Но, научив дека другите навистина сакаат да помогнат, и ги радува кога знаат дека можат да направат разлика, колку и да е мала.
Секогаш го планирав секој аспект од мојот живот. Посакувам да бев поспонтана и да правев работи кога ќе ми паднеа на ум. На пример, гледате низ прозорецот и сакате да одите на прошетка, но наместо тоа продолжувате да чистите низ дома. Колку копнеам за прошетка денес. Сега си дозволувам повеќе задоволства. Научив да не се споредувам со другите. Најдете го она што прави да се чувствувате важни. Запомнете: вие сте доволни, вие правите разлика.
Сајмон Пенрајт, 52, Бакингемшир, Англија
Во раните часови на 24 јануари 2023 година, Пенрајт бил разбуден од непријатен вкус и мирис. Лекарите откриле три тумори на мозокот, од кои едниот покривал половина од неговиот мозок. Дијагностицирана му била агресивна форма на глиобластом и му биле предвидени помалку од 12 месеци живот.
Би било толку лесно да се разбудите наутро и само да легнете во кревет. Јас не сум тип кој сака теретани, но кога малку вежбам, се чувствувам фантастично. Без разлика како се чувствувате, станете, облечете се и излезете.
Ако сте во ред една минута, потоа доживеете срцев удар и следната минута починете, немате многу опции. Така, претпоставувам дека сум благодарен што можам да се организирам и да извлечам максимум од врските со луѓето. Секогаш би ја избрал таа опција.
Суки Баја, 39, Лондон, Англија
Јас сум самохрана мајка. Ви го крши срцето тоа што сте верувале дека ќе бидете околу вашите деца. Ќерка ми има девет, а син ми шест години, и јас сум целосно отворена со нив за моето здравје.
Се надевам дека ќе им оставам доволно важни работите за кога не сум тука – роденденски честитки, честитки за дипломирања и свадби, за нов дом, за бебиња и книга со сите нивни омилени рецепти. Исто така, планирам видео блогови, давајќи совети за работи што можеби не им е удобно да прашаат некој друг, како согласност во врска со сексуалните односи и куп информации за пубертетот.
Сакам да знаат дека никогаш не треба да да трудат да импресионираат некого или да се обидуваат да се вклопат. Ништо не треба да се направи до одредена возраст или време, сакам да знаат дека таквите правила се лажни; секогаш можете да го правите она што сакате да го правите во животот.
Престанав да се грижам што мислат другите за мене. Од моите тинејџерски години, секогаш сакав тетоважа на цела рака. Минатата година решив да започнам со тетовирање цветови кои ме потсетуваат на моите деца, за да покажам колку ми значат.
Моите деца ги сакаат тетоважите; моите родители не се воодушевени, но прифаќаат дека тоа не е најлошото што можам да гo направам :)..
Кевин Вебер, 58, Сари, Англија
На одмор во 2014 година, Вебер забележал дека многу ја посетува бањата. Набргу потоа му бил дијагностициран рак на простата и предвидени 4 години живот.
Немам многу жалење. Можеби би сакал повеќе да ги носев моите деца на училиште. Кога ќе пораснат, сфаќате дека тој состанок што сте го имале на работа, веројатно сте можеле да го преместите еден час порано.
Во тој момент, кога знаеш дека е готово, не сакам да гледам наназад со каење. Не можете да се промените вчера.
Имам три мисии секој ден. Уживам со себе, но никогаш на сметка на некој друг. Обидете се да направите нешто добро – и тоа не мора да биде собирање 10.000 за добротворни цели; тоа може да биде насмевка или давање на некого место во автобусот. И направи ги најубавите спомени, не само за тебе на смртна постела, за да можеш да лежиш таму и да речеш: „Ох, тоа беше одлично“, туку и за сите други.
Превод: Лени Фрчкоска