МОК одлучи Јован Стојоски од атлетичарите да не претставува на Олимписките игри во Токио

 Македонскиот олимписки комитет одлучи Јован Стојоски од атлетичарите да патува на Игрите во Токио.

– Селекцијата е направена согласно критериумите за пријава на спортисти кои се без остварена норма. Светската атлетска федерација посочува дека треба да се испрати најдобриот рангиран атлетичар во дисциплината во којашто настапува. Во моментов, според овие пропозиции на Светската атлетска федерација, тоа е Јова Стојоски, кој воедно има и најдобар резултат според IAAF таблица на отворено, во олимписка дисциплина. Со неговиот резултат од 46,82 на 400 метри тој успеа да го обезбеди својот пласман за Олимпијадата во Токио. Овој резултат може да биде само тригер за да постигне уште побрзо време, со оглед на фактот што Јован ги покажа своите перформанси како врвен атлетичар и на Европско и на Светско, а се разбира и на Балканијадите, соопшти МОК.

Стојоски од 2019 година има константен напредок, ова година имаше четири трки со време под 47 секунди.

– Најважно од се македонската јавност треба да знае дека ниту јас, ниту IAAF, ниту Атлетска Федерација на Македонија, ниту управниот одбор не го пратија таму, туку тој се квалификуваше заради резултатот што го постигна и му посакуваме успех, вели Кристијан Кајчевски, селектор во АФМ.

Стојоски константно тренира и се подготвува за Олимписките игри во Токио за кои вели дека најважно од се е да освои нови рекорди.

– Во 1991 година на светското првенство во атлетика во Токио пред точно 30 години, мојот покоен тренер Исмаил Маки Мачев трчал во најбрзата “бела штафета” 4х400 метри (2:59,95) на истиот стадион на кој ќе трчам и јас на 1-ви август во дисциплината 400 метри. Стадионот сега е реновиран и е со подруг изглед но е останат на истата географска положба. Тој факт ќе биде преголем мотив за мене. Голема благодарност до мојот тренер Марина Мишиќ, семејството, Атлетска федерација на Македонија, Македонскиот олимписки комитет, спонзорите, како и на сите останати субјекти кои ми помогнаа во мојот напредок, изјави атлетичарот Јован Стојоски.

Back to top button
Close