Молдавски олигарх вмешан во банкарска измама тешка милијарда долари e уапсен во Грција

Молдавскиот олигарх Владимир Плахотњук, кој е вмешан во банкарска измама вредна милијарда долари и други нелегални шеми, беше приведен денес во Грција, објави агенцијата Асошиетед прес.

Плахотњук избега од Молдавија во 2019 година, соочувајќи се со низа обвиненија за корупција, вклучително и обвинувања за соучество во шема што доведе до исчезнување на милијарда долари од молдавска банка во 2014 година, што во тоа време беше еднакво на околу една осмина од годишниот бруто домашен производ на Молдавија.

Плахотњук негираше каква било вина.

Молдавската полиција во соопштението наведува дека од канцеларијата на Интерпол во Атина биле информирани дека двајца молдавски државјани се приведени, вклучувајќи го и Плахотњук, кој беше ставен на меѓународната листа на барани лица на Интерпол во февруари. Властите не го именуваа другиот притворен.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close