МОЛК НА СКРШЕНИТЕ ГЛАВИ

Мала е италијанската лента, а големо е името Македонија

Пратеничката Моника Зајкова, лидерка на Либерално демократската партија (ЛДП), која беше избрана од изборната листа на коалицијата на СДСМ, изјави дека во Собранието ќе делува независно, како и досега.

Зајкова беше коносителка на листата во Првата изборна единица. Беше сликана до бившиот премиер и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски. Уште ги гледаме на билбордите низ Скопје на кои пишува „Нема откажување од иднината“. А таа се откажа од СДСМ уште на првата кривина.

Не е првпат ЛДП да го зафркне СДСМ.  Кога на ВМРО-ДПМНЕ му требаа гласови да го турка проектот „Скопје 2014“, ги обезбеди со гласовите на советниците од ЛДП во Општина Центар. И тогаш тие го напуштија мнозинството на СДСМ за да гласаат независно за проектите на ВМРО. Ама, кој да памти?

Кај и да е, за очекување е и двајцата пратеници од НСДП што влегоа во Собранието на листата на СДСМ наскоро  да изјават дека и тие ќе делуваат независно. Додека можат да постигнат повисока цена. Па СДСМ од 18 ќе падне на 15 пратеници. Како што тргнала работава, ќе имаат повеќе кандидати за претседател на партијата од број на пратеници.

Впрочем, ЛДП и НСДП ионака постојат само за да можат да го зафркаваат СДСМ. ОД ВМРО-ДПМНЕ им е страв. Или, имаат поголем ќар.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе нѐ фаќа на кондиција со хумористични бесмислени објаснувања зошто не го користи уставното име на државата. На прашањето зошто на венецот што го положила на гробот на Свети Кирил во Рим го пишувало само нејзиното име, а не и името на државата, таа одговори дека „како што знаете…“ – (а од каде би знаеле!?) – лентите за венци се куси, а името на државата ни е долго, па се консултирале во Кабинетот оти немало место на лентата за толку букви, па иако прво мислеле да напишат РС Македонија, на крај решиле да пишат само претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Сѐ во интерес на просторот.

Еј, тоа е политика. Кога професорка со интегритет што ишколувала десетици генерации правници, адвокати, судии, обвинители, политичари ќе стане преседателка на „нашата држава“, таа нема да се срами најсталожено и темелно да ни го објасни проблемот со кусата лента. Мала е италијанската лента, а големо е името Македонија. И тоа е реалност што мора да се почитува. Отприлика исто како Преспанскиот договор.

Следниот пат, во Кабинетот на претседателката можат да бидат уште покреативни. На лентата ќе напишат „Гордана СД, Претседателката на РС Македонија“.

Целаата колумна на Горан Михајловски наа СДК МК

 

Back to top button
Close