Молотови коктели фрлени во куќа во Арачиново
Во раните утрински часови во СВР Скопје било пријавено дека биле фрлени две шишиња со запалива материја во двор на напуштена куќа во селото Арачиново. Едното од шишињата предизвикало експлозија, а пожарот бргу се проширил. Нема повредени бидејќи куќата е одамна без жители. Пожарот бил изгаснат од роднина на сопствениците на куќата, кој и ја поднел пријавата за инцидентот.
Полицијата веднаш извршила увид на местото на настанот, а сега се преземаат мерки за расчистување на случајот. Во моментов, се работи на утврдување на мотивите за овој инцидент и на идентификација на сторителите.