Момче од Кондово погодено од залутан куршум


Момчето е во стабилна состојба и нема посериозни повреди. Раководителот на интерните одделенија, д-р Танер Хасан за „360 Степени“ вели дека момчето имало многу среќа бидејќи куршумот направил само гребнатинка

„Има само гребнатинка на главата, имал среќа“, вели д-р Хасан
28-годишно момче од Кондово е повредено откако било погодено од залутан куршум во дворот од неговат куќа.

Како што соопшти МВР, инцидентот е пријавен вчера околу 22 часот, откако 28-годишникот А.Р. бил однесен во Градската општа болница „8 Септември“.

„Според пријавеното тој со повредата се здобил од залутано зрно во неговиот двор во село Кондово. Полициски службеници излегле на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот“,

велат од МВР.
Момчето е во стабилна состојба и нема посериозни повреди. Раководителот на интерните одделенија, д-р Танер Хасан за „360 Степени“ вели дека момчето имало многу среќа бидејќи куршумот направил само гребнатинка.

„Има само гребнатинка на главата, имал среќа“,вели д-р Хасан.

МВР во денешниот билте бележи уште еден инцидент со залутан куршум, но за среќа во вториот причинета е само материјална штета. Куршумот завршил во шофершајбна на возило во селото Љубин.

„Според пријавеното тој со повредата се здобил од залутано зрно во неговиот двор во село Кондово. Полициски службеници излегле на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот“,

се вели во полицискиот билтен.

Back to top button
Close