Момчето кое ја прегази девојката кај „Сити мол“: Се чувствувам виновен, жал ми е

Возачот Јордан Ѓоргиев ја прегази девојката Викторија Николова од Радовиш кај „Сити мол“, по што призна вина пред судијката Љубинка Башевска.

На Ѓорѓиев му се суди за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

„Се чувствувам виновен, жал ми е. Свесно го кажувам ова, никој не ме уценува. Знам дека ќе следи санкција“, кажа Ѓоргиев.

Адвокатот Душко Јанковиќ, кој го застапува возачот Јордан Ѓоргиев, предложи да не се изведуваат докази за сообраќајката, туку само оние кои се важни за одредување на висината на казната.

Адвокатот Владимир Михајловиќ на семејството Николови, кажа дека нема да бара имотно-правни побарувања бидејќи тоа ќе го оствареле преку осигурителна компанија.

Адвокатката Билјана Андонова, која го застапува Леонид Даов, момче на починатата Викторија, кажа дека ќе бара имотно правно побарување.

извор: Прес24

Back to top button
Close