Момчето кое загина со мопед во Охрид било млад фудбалер, клубот се збогуваше: Почивај во мир ангелу
Oд редовите на Охрид потврдија дека момчето кое загинало утрово со мопед откако се удрил во столб е млад фудбалер на нивниот клуб.
Станувало збор за Анастас Каровски кој имаше само 16 години. Несреќата се случила на регионалниот пат Охрид – Свети Наум, помеѓу населбата Рача и стариот влез за хотелот Парк, а случајот во полиција бил пријавен околу 1.40 по полноќ.
Каровски се здобил со тешки телесни повреди, а им подлегнал на повредите откако бил однесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охирд.
Неговиот другар кој бил со него на мопедот се здобил со тешки телесни повреди.