Моментот на нападот забележан во ТВ програма во живо (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот наутро одобри „специјална воена операција“ против Украина со цел да се отстрани, како што рече, сериозната закана.

Од друга страна, украинскиот претседател Володимир Зеленски донесе декрет за вонредна состојба, а парламентот ја одобри бараната мерка.

Во Киев моментално има бројни новинарски екипи, а многу од нив беа изненадени од нападот во програмата во живо.

 

 

 

Метју Шанс е дописник на Си-Ен-Ен од Киев, а неколку минути подоцна беше снимен како носи панцир и кацига во живо на програмата.

Во вонредното обраќање што го пренесоа руските медиуми ноќта меѓу средата и четвртокот, рускиот претседател Владимир Путин го најави почетокот на, како што рече, специјалната воена операција во Донбас. Набргу потоа се слушнале детонации во главниот град на Украина, Киев.

Back to top button
Close