МОН ги исплати ученичките и студентските стипендии на сите корисници за месец април

Министерството за образование и наука информира дека согласно новиот начин и динамика на редовна месечна исплата на средствата за ученички и студентски стипендии воспоставен на почетокот на тековната календарска година, денеска се исплатени средствата за месец април на сите корисници на стипендија.

-Исплатен е износ од околу 32 милиони денари на вкупно 9.047 корисници на сите видови стипендии за ученици од средните училишта, студенти запишани на додипломски студии на високообразовните установи во Северна Македонија, како и студенти запишани на некои од најдобрите светски универзитети согласно Шангајската ранг листа, соопштува Министерството.

Министерството за образование и наука посочи дека воспоставената динамика на редовна месечна исплата на стипендии ќе продолжи да се реализира и понатаму, бидејќи е од голема важност за оние кои ги исполнуваат условите и го оствариле правото на стипендија. Велат дека се работи за средства кои се поддршка и упаредување на ученичкиот и студентскиот стандард, при што им помагаат на младите во процесот на образование и мотивација

Back to top button
Close