МОН испорачува учебници, министерот Шаќири не е сигурен дали ќе има за сите

Министерството за образование започна да ги дистрибуира учебниците до училиштата, но министерот Шаќири не е сигурен дали во септември, сите ученици без исклучок ќе ја започнат учебната година со учебници.

Во тек е испораката на сите учебници од прво до седмо одделение во основното образование кои досега се одобрени од Националната комисија за учебници и ќе се применуваат во учебната 2024/25 година. Процесот ќе биде заокружен на почетокот на јуни, така што учениците ќе ги имаат потребните учебници навремено, пред стартот на новата учебна година, информира Министерството за образование и наука (МОН).

Министерот во изјава за ТВ Сител вели дека не е сигурен дека ќе се стигне со испорака.

„Не можам да кажам со сигурност дека ќе имаат сите ученици, но најголемиот дел, т.е сите учебници кои се одобрени ќе се достават. Очекувам и учебниците за седмо одделение да бидат одобрени од Комисијата и да се заврши целата процедура“, вели Шаќири.

Back to top button
Close